Италија има четири светски шампионски титули, но не успеа да се пласира на последните два Мундијала, а на добар пат е да не игра и на Светското првенство следната година во САД, Канада и Мексико. Првото место е далеку за Италијанците, а допрва треба да го обезбедат второто место во групата и пласман на Мундијалот да бркаат преку баражот.
„За мене репрезентацијата е голема тема за разговор. Ова не е напад на кого било, но често гледам дека некои играчи кои играат за репрезентацијата немаат желба да го бранат дресот на нацијата и тоа не ми се допаѓа. Кога јас бев во репрезентацијата, бев горд што ја претставував Италија, а тоа многу ми недостасува“, вели Марио Балотели.
Сепак, на прашањето дали Италија ќе успее да се пласира на Светското првенство 2026, Балотели вели: „Сигурен сум дека тоа ќе се случи.“