Балотели мртов пијан паѓа на улица, а уште и негодува: По ваква Италија на ЕП… (Видео)

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели по којзнае кој пат предизвика скандал, овојпат со неговото претерано пиење алкохол и реакцијата откако видеото како мртов пијан паѓа на сред улица во Удине се појави на социјалните мрежи.

Некогашниот супер талент на италијанскиот фудбал сега е слободен агент откако му истече договорот со Адана Демирспор, а беше разочаран кога за него не се најде место на ЕВРО 2024 бидејќи мислеше дека треба да биде дел од репрезентацијата. По поразот на Италијанците од Швајцарија во осминафиналето, утехата изгледа ја најде во алкохолот.

Интересен е и неговиот коментар откако видеото излезе во јавност:

„Го видов видеото на кое паѓаме на земја со моите пријатели, се превртуваме, скокаме, трчаме. Не го гледам проблемот да имам вечер со другарите без никого да повредам, зошто ми се суди? По ваква Италија на Европското првенство, вест е дека сум бил пијан? Ајде момци, да размислуваме за сериозни работи“, порача Балотели на „Инстаграм“.

https://twitter.com/i/status/1807556027489091876

- Оглас -

Најнови вести