Балотели ѝ го зеде „скалпот“ на Ница

Марсеј со минимални 1-0 ја совлада Ница во дербито на 28-мото коло во Лига 1. Човекот од одлука мораше да биде Марио Балотели, напаѓачот кој до пред неколку месеци беше член на Ница, а откако практично беше избркан од тимот, тој се пронајде во Марсеј и почна да дава голови во серија.

Италијанецот единствениот гол на средбата го постигна во 61-та минута, што беше доволно за три бода.

Марсеј по овој триумф има 47 бода и е на четвртото место на табелата, со три бода помалку зад ривалот Лион, додека Ница го претрпе 10-тиот пораз и со 40 бода остана на деветтото место.

https://www.dailymotion.com/video/x73xe20

- Оглас -

Најнови вести