Балотели: Немојте веќе да го споредувате Меси со играчот со бројот 7 од Јувентус

Лионел Меси уште еднаш го восхити целиот фудбалски свет постигнувајќи два гола во победата од 3-0 против Ливерпул. Посебно магичен беше погодокот кога успеа од околу 28 метри да погоди од слободен удар. Топката заврши во самиот агол, каде што се спојуваат стативата и пречката.

По тој гол, со реакции на социјалната мрежа Инстаграм се јавија Дејвид Бекам и Марио Балотели. Бекам кој беше одличен изведувач на слободни удари само со еден збор ја опиша неговата реакција по голот на Меси.

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели имаше една интересна порака. Балотели напиша дека по овој меч на Меси, треба да се заборават споредбите меѓу него и Кристијано Роналдо. „Господе, немојте веќе да го споредувате Меси со играчот на Јувентус со бројот 7“, напиша Балотели, кој го нарече Меси дека е феномен.

- Оглас -

Најнови вести