Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели повторно успеа да биде во центарот на вниманието, и тоа не поради фудбалски добар момент. Балотели, кој настапува во тимот на Адана во Турција, толуку многу го налути тренерот Виченцо Монтела, што малку фалеше да дојде до физичка пресметка.
Адана победи со 1:0, а по мечот Балотели и Монтела влегоа во конфликт, а тренерот тргна дури и да се тепа со фудбалерот. За среќа, реагираа останатите од таборот на Адана и беше спречен поголем инцидент.
https://twitter.com/i/status/1563658348821880834