0.8 C
Skopje
среда, 31 декември 2025

Балотели по една година пауза му се враќа на фудбалот?!

Поранешниот италијански репрезентативец, Марио Балотели, веќе една година не игра фудбал, откако последниот настап го имаше во дресот на Џенова на 24-ти декември 2024 година против Наполи во меч од Серија А.

Долго се шпекулираше за можни екипи и враќање на терените, но ништо од тоа не се оствари, па Балотели цела 2025 година немаше ниту еден настап.

Сега на негова адреса има нова понуда и тоа од екипа која е второлигаш во првенството на Обединетите Арапски Емирати. Арапските милиони може повторно да го вратат Италијанецот во фудбалот и тоа во екипата на Ал-Итифак од Дубаи.

35-годишниот Балотели во својата кариера настапуваше за Лумецане, Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана, Сион и Џенова. За репрезентацијата на Италија има 36 настапи и 14 гола.

- Оглас -

Најнови вести