Балотели после само два месеци „бега“ од Џенова

Марио Балотели деновиве треба да одлучи дали да остане во Џенова уште шест месеци или уште во јануари да си замине, само два месеци откако потпиша за клубот кој се натпреварува во италијанската Серија А.

Балотели откако дојде во Џенова во октомври, има одиграно само 56 минути. Настапи на шест меча, на сите влегуваше од клупата за резерви. Во неговиот договор има клаузула со која може да го раскине договорот поради малата минутажа која ја добива.

Се шпекулира дека 34-годишниот некогашен голем талент на италијанскиот фудбал, ако си замине од Џенова, ќе прејде во Круз Азул, клуб од Мексико кој е подготвен да му даде годишна плата од 2 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести