Балотели потпишува за италијански второлигаш

Марио Балотели е блиску до потпис за италијанскиот второлигаш Монца, чии сопственик е Силвио Берлускони, ексгаздата на Милан.

Некогашниот репрезентативец на Аѕурите нема да се пресели во редовите на Васко Де Гама, бразлискиот прволигаш, туку ќе ја прифати понудата од Монца каде што ќе игра во претстојната сезона. Во понеделник се закажни медицински прегледи, по што Балотели ќе стави потпис на едногодишен договор.

Таму го чека Кевин Принс-Боатенг, па ќе биде интересно да се види како двајцата егоистични и контроверзни фудбалери ќе соработуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести