36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Балотели пред потпис во еден од најтрофејните клубови во светот

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели го раскина договорот во Бреша и сега веќе неколку месеци не може да си најде екипа во која ќе ја продолжи кариерата. Според најавите, Балотели решил да си замине од Европа и негова следна дестинација да биде Бразил.

Васко де Гама, еден од најпопуларните клубови во Бразил, покажа интерес за Балотели, па можно е некогашниот фудбалер на Манчестер сити, Ливерпул, Интер и Милан да се пресели во најфудбалската земја во светот.

„Балотели сака да дојде тука. Немојте да заборавите дека Васко де Гама веднаш по Реал Мадрид е вториот најтрофеен клуб во светот. Не верувам дека Марио би дошол во Рио де Жанеиро за да прави некакви глупости, туку за да ја „оживее“ својата кариера. Се надевам дека до 15 јануари ќе можеме и официјално да го потврдиме како наш нов играч“, вели директорот на Васко де Гама, Фабио Кордеља.

 

- Оглас -

Најнови вести