Марио Балотели сепак нема да игра во Јужна Америка, иако беше пред трансфер во Фламенго, а италијанските медиуми пишуваат дека ќе биде нов член на Бреша.
Новиот член на Серија А веќе се договорил со Балотели и се очекува промоција веќе утре, а договорот ќе биде на три години.
Ако се оствари трансферот, популарниот Супер Марио по 3 години пауза ќе се врати во Италија. Играше за Милан до 2016 година, а потоа се пресели во Ница и потоа и во Марсеј.
Балотели сè уште се надева дека ќе може да се врати и во составот на националната селекција, а досега има 36 настапи за Италија и 14 постигнати голови.