Балотели шоу: осум години чекаше одмазда, конечно дочека, предизвика и голем инцидент (Видео)

Бешикташ водеше со 3-0 против Аданаспор, а на крајот средбата од турската Суперлига заврши со шокантни 3-3. Инспиратор на изненадувањето беше Марио Балотели, кој по мечот предизвика инцидент.

Во 2013 година, по една утка на Балотели, актуелниот тренер на Бешикташ, Серген Јалчин, има дадено изјава дека Марио нема мозок. Контроверзниот Балотели не го заборава тоа и денеска, кога даде прекрасен гол, прослави пред Јалчин покажувајќи кон главата.

https://www.youtube.com/watch?v=2P4n5hJhm8E

Тука не беше крајот. Во 97-мата минута, Балотели асистираше за третиот гол на Аданаспор, а откако освоија бод, Бало повторно имаше што да му каже на шефот на Бешикташ и беше нападнат. Се создаде голема мешаница на теренот и пред влезот во тунелот кој води кон соблекувалните.

- Оглас -

Најнови вести