Балотели збесна: Судиите секогаш се плашат кога му судат на Јувентус (Видео)

Јувентус со пресврт стигна до победа на гостувањето кај Бреша, и тоа без Кристијано Роналдо во тимот. Старата дама губеше со 1:0, а на крајот се радуваше на триумф од 2:1. Во тимот на Бреша дебитираше Марио Балотели, кој не постигна гол за домаќините, но по завршување на средбата беше многу лут.

Балотели викаше дека судиите се главните јунаци за пресвртот на Јувентус.

„Секогаш Јувентус, секогаш тие. Судиите секогаш се плашат кога треба да му судат нему. Тоа е неприфатливо“, викаше Балотели непосредно по завршување на дуелот.

https://twitter.com/i/status/1176703505362538501

 

- Оглас -

Најнови вести