Некогаш големата ѕвезда на светскиот фудбал, Марио Балотели, последните неколку години е далеку од препознатливата форма. Денес тој и официјално се врати во екипата на Адана Демирспор во турското првенство, откако минатата сезона беше дел од швајцарски Сион.
Договорот помеѓу Балотели и Адана е на една сезона, со можност тој да биде продолжен на уште една.
33-годишниот поранешен италијански репрезентативец во својата кариера освен за Сион и Адана, настапуваше и за Лумецане, Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша и Монца.
https://twitter.com/AdsKulubu/status/1702689383965499462