Енеа Бастијанини е спектакуларен победник на трката во Арагон во Мото ГП класата, откако во последниот ктуг успеа да ги мине Пеко Бањаја и прв да мине низ целта.
Пеко Бањаја водеше до самиор крај, но не успеа да победи во интерсен расплет на настаните кои го елиминираа водечкиот Фабио Квартараро веќе во првиот круг на трката.
Квартараро падна веќе во првиот круг во дуелот со Марк Маркез и иако се обиде да продолжи не успеа, па остана без пласман во Арагон.
Потоа Маркез се судри и со Накагами, па и Јапонецот остана без пласман, а се во продолжението беше во знакот на Бањаја, но тој потклекна во последниот круг и победата му припадна на Бастијанини.
Алеш Еспаргаро го освои третото место.