Бањаја ја одбрани титулата во Мото ГП класата

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, втора сезона по ред е шампион во Мото ГП класата.

Италијанецот во последната трка сезонава во Мото ГП шампионатот која се возеше за Големата награда на Валенсија, титулата ја освои на самиот почеток од трката бидејќи од патеката излета неговиот единствен конкурент за титулата, Хорхе Мартин.

Мартин во шестиот круг се судри со Марк Маркез, по што и двајцата Шпанци излетаа од патеката и ја завршија трката.

Пред стартот на трката, Бањаја имаше 14 поени предност пред Мартин, а со излетувањето на Шпанецот, и теоретски ја одбрани титулата.

На девет круга пред крајот, лидерот на трката Џек Милер падна, по што Бањаја изби на првото место и предноста ја задржа до крајот. Второто место го освои Фабио ди Џанантонио, додека трет беше Жоан Зарко.

- Оглас -

Најнови вести