Бањаја победи на првата спринт трка во историјата во Мото ГП

Актуелниот шампион, Франческо Бањаја е победник на првата спринт трка во историјата во Мото ГП шампонатот. Бањаја славеше со време од 19:52.862 минути и дојде до првите 12 бодови во новата сезона.

https://twitter.com/MotoGP/status/1639649056187359233?s=20

Втората позиција му припадна на возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, додека како трет заврши Марк Маркес од Хонда.

Бодови во првата спринт трка освоија уште и Џек Милер, Маверик Виљалес, Алеш Еспаргаро, Мигел Оливеира, Жоан Зарко и Алекс Маркес.

Трката за Големата награда на Португалија ќе се вози утре од 15 часот на патеката Портимао, а од пол-позицијата ќе тргне Марк Маркес, кој беше најбрз во квалификациите.

 

- Оглас -

Најнови вести