Бањаја во фото финиш го победи Биндер за триумф во Херес

Актуелниот шампион, возачот на Дукати, Франческо Бањаја е победник на денешната трка за Големата награда на Шпанија која се возеше во Херес во рамки на Мото ГП шампионатот.

Италијанецот до втората победа сезонава дојде со време од 39:29.085 минути, втор беше Јужноафриканецот Бред Биндер од КТМ кој заостана само 221 стотинки, а последното место на победничкиот подиум му припадна на уште еден возач на КТМ, Џек Милер.

Трката ја одбележа и иинцидентот во првиот круг меѓу Фабио Квартаро од Јамаха и возачот на Априлија, Мигел Оливеира, поради што трката беше прекината неколку минути.

Во генералниот пласман води Бањаја со 87 бодови, пред Марко Беѕеки од ВР46 кој има 65 бода, а трет е Биндер со 62 освоени бодови.
Следната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози на 14-ти мај за Големата награда на Франција.

- Оглас -

Најнови вести