Луда трка во Арагон што ќе се памети – Бањаја издржа во финишот и го победи Маркес (Видео)

Пеко Бањаја го победи Марк Маркес во луда трка и финиш во Арагон, а во финишот имаше дури пет обиди од Шпанецот за претркување и победа, но сите беа неуспешни.

Маркес за момент пет пати го минуваше победникот, но тоа беше само за миг, па Бањаја декогаш успеваше да возврати и да победи. Марк за последен пат се обиде во последниот круг да го мине ривалот и да слави на домашен терен, но влезе прешироко и дури излета од патеката.

Бањаја возеше маестрално, ги одби сите напади и успеа за првпат сезонава да победи. Маркес беше втор, Мир трет, а во топ-5 место има и за Еспаргаро и за Милер.

https://twitter.com/MotoGP/status/1437030030983499778?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести