2844 Бангор – Институте (21:00)
Дуел на екипи од врвот на второто по ранг натпреварување во Северна Ирска. Домашните имаат два поени предност пред Институте, но и традицијата е на нивна страна. Бангор од 2014 нема пораз на домашен терен од Институте, а оваа сезона на домашен терен не знае за пораз последните 11 натпревари.
Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.04)
4811 Пуерто Нуево – Хусто У. (19:30)
Третата лига на Аргентина сè уште е на почетокот, па тешко е да се одредат фаворитите. Хусто Хосе има само еден бод повеќе од Пуерто Нуево по осум првенствени кола, па очекувањата се дека вечерва ќе има неизвесен дуел, на кој сепак, домашните нема да загубат на крајот, слично како и на последните четири натпревари, на коишто трипати одиграа нерешено, а еднаш победија.
Предлог тип: Х2-1Х (1.97)
4816 Клуб Леандро – Атлас (19:35)
Лендро и Атлас важат за едни од најефикасните екипи во третото по ранг аргентинско натпреварување. Домашните во досегашниот тек од првенството имаат постигнато само гол помалку од гостите, но очекувањата се дека вечерва ќе се затресат двете мрежи, слично како и на нивните четири последни натпревари, на кои двете екипи успеваа да постигнат барем по еден погодок.
Предлог тип: ГГ (2.07)
4600 Букараманга – Рионегро (22:00)
Екипата на Атлетико Букараманга важи за голем фаворит против Рионегро Агвилас во мечот од најквалитетната лига на Колумбија. Домашните се петти на табелата со осум поени повеќе од Рионегро, кој е на 13-тата позиција. Букараманга нема пораз на последните 13 натпревари во сите натпреварувања, а така се очекува да биде и вечерва.
Предлог тип: 1пдг & 1 (2.12)
4651 Прогресо – Рампла (20:00)
Фудбалерите на Прогресо се апсолутни фаворити против Рампла во дуелот од првенството на Уругвај. Домашните се трети на табелата со 10 бода, додека гостите го имаат фенерот само со еден освоен бод. Прогресо нема пораз на последните 16 натпревари во сите натпреварувања, додека Рампла не знае за победа на последните четири меча.
Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.97)