Повеќе италијански медиуми потврдија дека управата на Рома преговара со Маурицио Сари да биде новиот тренер на екипата почнувајќи од следната сезона. На Банкарот му се падна изборот да го наследи Пауло Фонсека на кормилото на римската Волчица, кој речиси сигурно ќе биде отпуштен доколку Рома не обезбеди пласман во Лигата на шампионите, или пак не ја освои Лигата на Европа.
Сари уште е врзан за договор со Јувентус, кој му истекнува во јуни 2022, но компензација од 2,5 милиони евра ќе ја отстрани препреката за Рома да го ангажира екстренерот на Бјанконерите и Челзи.
Некогашниот предводник на Наполи во сезоната 2018/19 го освои својот прв трофеј во кариерата предводејќи го Челзи до Лигата на Европа, по што седна на клупата на Јувентус и ја донесе осмата последователна титула на „Алијанц стадионот“, од каде што подоцна беше разрешен и заменет со Андреа Пирло.