Екипата на Днипро-1 од Украина и официјално прогласи банкрот поради лошата финансиска состојба. Тоа автоматски значеше и исклучување од првенството на Украина, каде што минатата сезона заврши на четвртата позиција и обезбеди пласман во Конференциската лига.
Сепак, нема да се случи ниту нивното учество во европските купови бидејќи веднаш реагираше и УЕФА и ги регистрира нивните натпревари со по 3-0 службено во корист на унгарскиот Академија Пушкаш.
Екипата на Днипро-1 е формирана во 2015 година, откако банкротира оригиналниот Днипро, кој играше во финалето на Лигата на Европа и загуби од Севиља.