Милан Ристовски е стрелец на израмнувачкиот гол за Македонија на дуелот со Бугарија во Разград.
Во 50. минута младиот напаѓач на нашата репрезентација сигурно го погоди голот на Бугарите и израмни на 1:1.
Интересно е што во текот на акцијата за голот нашите репрезентативци бараа пенал, но испадна уште подобро, топката дојде до Ристовски, кој рутински погоди за нерешено во Разград.
Bulgaria 1-[1] North Macedonia – Milan Ristovski 50′ from soccer
Од 13. минута со голот на Кирил Десподов, Бугарија водеше со 1:0 во премиерниот меч од четвртата група во Ц сегментот на Лигата на Нации.