Спортскиот директор на Шахтар, Даријо Срна, за украинските медиуми изјави дека е во постојан контакт со претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, и дека добил информација од првиот човек на европскиот фудбал дека се планира одложување на бараж дуелот Шкотска – Украина, закажан за 24-ти март.
Неофицијално, УЕФА ќе донесе одлука овој меч наместо во март, да се игра во јуни.
Поради агресијата на Русија против Украина, украинската репрезентација нема да може да игра за неполни три недели од денеска, но можеби ситуацијата ќе се подобри за некој месец и затоа УЕФА сака да го премести овој бараж за јуни.