Чешката тенисерка Барбора Крејчикова е сензационалната победничка на Вимблдон. Моментно 32. тенисерка според ранкинг во светот во финалето ја победи Италијанката Јасмин Паолини со 2:1 во сетови (6:2, 2:6, 6:4).
Никој пред почетокот на Вимблдон не можеше да замисли дека овие две тенисерки ќе играат во финалето. Но, Крејчикова и Паолини целосно заслужено се најдоа во финалето и денес се соочија во борбата за пехарот на најпрестижниот тениски турнир.
Крејчикова многу подобро влезе во дуелот и првиот сет го доби убедливо со резултат 6:2. Правеше брејкови во првиот и петтиот сервис-гем на противничката и така во голем стил дојде до водство.
Но, одговорот на Јасмин Паолини беше идентичен. Италијанката, која е седма на ВТА листата, го доби вториот сет со 6:2 во гемови и израмни на 1:1, водејќи го мечот во третиот одлучувачки сет.
Двете тенисерки го отворија третиот сет со одлични сервиси. До резултат 3:3 немаше брејкови, а потоа во седмиот гем, кој обично важи за традиционално најтежок за играчот кој сервира, Крејчикова го одзеде сервисот на противничката и лесно ја зачува предноста до крајот.
Така, 32. тенисерка во светот ја освои својата втора гренслем титула во кариерата, а вкупно осма на ВТА турнирите.
Утре е на програмата финалето во машка конкуренција, мегадуалот меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас.