Барди е оптимист: Играме историски меч, Македонија може секого да победи

Енис Барди е оптимист и верува дека Македонија може да го изненади актуелниот европски првак Италија и да се радува на 24 март во Палермо, како што вели, во еден од најважните фудблски натпревари во нашата историја.

„Сите знаеме колку ни е важен овој меч. Ќе биде многу тешко, но ова е голем предизвик. Италија ќе се обиде со сите сили да победи, но и ние имаме свои адути. Ова е можеби и најважниот меч во нашата фудбалска историја. Во еден меч можеме секого да победиме. Мораме само да бидеме само потполно сконцентрирани. Во денешниот фудбал нема асполутни фаворити. Нам ни е најважно да одиграме како што знаеме. Секако, не забораваме дека Италија е актуелен европски првак. Ни фали Елиф Елмас, секако и Тихо Костадинов и уште неколку репрезентативци, но мораме да одиграме добро и без нив“, вели Барди.

Од нашиот мотор на средината на теренот зависат многу работи во играта на Македонија и ако тој одигра како што знае, растат шансите на нашата репрезентација за подвиг.

Ако ја победиме Италија на 24 март, пет дена подоцна ќе ѝ гостуваме на Португалија во Порто или на Турција во Коња во меч за пласман на Мундијалот во Катар.

 

 

- Оглас -

Најнови вести