Барди асистираше во победа на Леванте

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди со асистенција придонесе за победата на Леванте против грчки Атромитос од 2-1 во пријателски меч. Барди играше само во првото полувреме и откако нафрли од корнер, Рубен Везо погоди за 1-0. Во вториот дел Леванте излезе со комплетно поразлична постава, Атромитос изедначи на 1-1, но Постиго со помош на противнички играч им донесе победа на Шпанците.

 

- Оглас -

Најнови вести