Барди: Атмосферата не е нарушена, мора да гледаме напред и да ги поправиме грешките

Капитенот Енис Барди најавува дека против Гибралтар ќе одиграме многу подобро, потенцирајќи дека атмосферата во екипата не е нарушена и покрај убедливиот пораз од Гибралтар.

„По секој загубен меч нормално дека боли, но тоа е минато и мора да мислиме напред. Секако дека треба да ги поправиме нашите грешки. Јас реално внатре што сум во соблекувална не гледам дека некој не дал максимум, но некогаш фудбалот не  е праведен и може да се примат такви голови. Да гледаме напред да се стигне до нашата цел“, вели Барди.

- Оглас -

Најнови вести