Барди: Без разлика кој нема да игра за Украина, тоа е селекција која има многу добри фудбалери

Украина на утрешниот дуел против Македонија ќе биде без двајца квалитетни играчи, Јармоленко и Циганков. Без разлика на нивното отсуство, капитенот Енис Барди вели дека противникот е силен и мора да се даде максимумот за да се стигне до добар резултат.

„Без разлика кој нема да игра за Украина, тоа е селекција која е многу квалитетна, со многу добри играчи. Сепак, ние сме фокусирани на нашата игра, да можеме да го дадеме најдоброто на теренот за да стигнеме до победата. Секогаш зборуваме за тоа кои ни се аномалиите, зборуваме за менталитетот што сакаме да го промениме. Верувам дека сега ќе биде поинаку од тој меч на којшто загубивме со 3:2. Мислиме само за утрешниот дуел“, рече капитенот Барди.

- Оглас -

Најнови вести