Барди: Благодарност до публиката, треба добро да се размисли пред следниот репрезентативен собир

Енис Барди со капитенската лента на дресот го одигра јубилејниот 50-ти дуел во македонскиот национален тим. Барди, кој е еден од најдобрите во нашата селекција, беше видно разочаран по поразот од Бугарија. Тој се заблагодари на публиката, но имаше забелешки на резултатите кои ги постигнаа во Лигата на нациите и на залагањето на фудбалерите.

„Големо благодарам до публиката за поддршката која ни ја даде во текот на целиот меч и по него. Мислам дека заслуживме повеќе во овие квалификации. Од друга страна треба да се каже дека по сето ова што се случи, треба добро да се размисли пред следниот собир. На теренот мора да бидеме посериозни и поодговорни“, рече Барди по поразот од Бугарија.

- Оглас -

Најнови вести