Барди блесна со гол и го испрати на дното тимот од Барселона

Енис Барди и неговиот Леванте ги освоија трите бода од гостувањето кај Еспањол во Барселона. Со оваа победа Еспањол се зацврсти на средината на табелата и речиси е сигурен дека нема да испадне. За разлика од Леванте, Еспањол е во сосема поинаква ситуација. По овој пораз Еспањол сега е на дното на табелата со само 24 бодови.

Леванте уште во првото полувреме најави дека е дојден по победа во Барселона. Мајорал ги доведе гостите во водство од 1:0, а Лопес израмни во 28 минута и даде надеж за Еспањол. Сепак, во второто полувреме следуваше вистинско ремек-дело на Барди. Македонскиот репрезентативец успеа со еден потег да избегне тројца противнички играчи и да даде гол од околу 16 метри. Погодокот на Барди може да го видите ТУКА.

Пред крајот на мечот, Леванте со автоголот на Педроса само потврди дека трите бода ќе отидат на контото на гостите.

- Оглас -

Најнови вести