13.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Барди чека негативен тест утре или задутре, Македонија со нетрпение го чека бомбардерот на терен

Македонија со нетрпение го чека камбекот на својот бомбардер Енис Барди, кој е во карантин од 25 мај поради контакт со заразен клупски колега од Леванте.

Енис пристигна во Скопје на 25 мај и оттогаш е во изолација. За среќа, нема симптоми на корона-вирус, но според протоколот, мораше да биде во карантин.

Се очекува утре или задутре потворно да биде тестиран и ако има негативен тест, тоа ќе биде добар знак за македонската селекција, па играчот од средниот ред на Македонија и еден од најдобрите изведувачи на слободни удари на светот ќе може и да се приклучи на тренинзите.

Засега е речиси сигурно дека Енис нема да игра и против Казахстан на 4 јуни, но најважно е да биде подготвен за настап на ЕП.

Македонија на 8 јуни ќе патува за Букурешт, каде што ќе биде базата на националниот состав и место каде што ќе ги одиграме првите два натпревари, против Австрија на 13 јуни и со Украина на 17 јуни.

Последниот меч од првата фаза во Ц групата ќе го играме со Холандија на 21 јуни во Амстердам.

 

- Оглас -

Најнови вести