Енис Барди го даде и третиот гол за Трабзонспор, но актуелниот шампион на Турција не успеа да победи на жешкото гостување во Анкара, кај Анкарагучу.
Македонскиот репрезентативец мудро се уфрли во петерецот на домаќините при прекрасната акција на Трабзонспор во 70. минута и рутински ја затресе мрежата на Гунгорду за 0:1.
Голот на Барди, кој му е трет во новиот клуб можете да го погледнете ОВДЕ.
Сепак гостите не успеаа да победат, а многу брзо Анкарагучу израмни на 1:1 што е и конечен резултат.
Во 74. минута беше досуден пенал за домашниот тим, а од белата точка прецизен беше Чигерчи за израмнување и за по еден бод за двата тима.
Барди со 3 гола е трет стрелец на Трабзонспор, а пред него се само Бакасетас и Трезеге со по 4 погодоци.
Шампионот моментно е на шесттото место со 23 бода од 13 натпревари и има шест бода помалку од лидерот Фенербахче, за кој игра Езџан Алиоски.