Енис Барди имаше деби од соништата како капитен на еден меч во македонската репрезентација. Со капитенската лента на раката, Барди направи еден историски потег. Првпат играч кој дебитира во улога на капитен да постигне хет-трик за Македонија.
Барди даде два гола од пенал, а еднаш беше прецизен со удар надвор од шеснаесетникот, во победата од 5:0 на гости кај Ерменија. По еднаш во листата на стрелци се запишаа и Александар Трајковски и Милан Ристовски.
Победата од 5:0 на Македонија на гости е една од највисоките, а играта покажа дека оваа генерација има квалитет по настапот на Европско првенство, да биде дел и од Светскиот собир, односно Мундијалот во Катар следната година.