Барди: До крајот ќе се бориме за второто место, затоа што мислам дека го заслуживме

Деби како капитен, и тоа зачинето со хет-трик. Енис Барди одигра одличен меч и беше вистински лидер во убедливата победа на Македонија на гости кај Ерменија со 5:0. За Барди ова е прв хет-трик во професионалната кариера, а само петти во историјата на македонската репрезентација со три гола на еден дуел.

„Фала му на Бог што на крајот победивме, триумф што го чекавме неколку меча. Нормално дека капитенската лента ми беше посебен мотив, но за мене сите сме капитени, нема тука еден да е капитен. Сите сме одговорни во тоа што го правиме. Горд сум што сум дел од капитените на оваа репрезентација. Одигравме тимски и сега треба да се фокусираме на мечот против Исланд. Треба да продолжиме во ист ритам, тоа ми е најважно. Покажавме дека оваа репрезентација има квалитет и мислам дека го заслужуваме второто место во групата“, рече Барди, кој потенцираше дека до крајот ќе се бориме за второто место.

- Оглас -

Најнови вести