Македонскиот репрезентативец Енис Барди во вториот дел од сезоната би можел да настапува во англиската Чемпионшип дивизија.
Турските медиуми објавија дека Трабзонспор го ставил Барди на трансфер-листата, а серозен интерес за него пројавува Кардиф, кој сака да го донесе Македонецот на позајмица до крајот на сезоната.
На ангажирањето на Барди наводно инсистира тренерот на Кардиф, Турчинот Ерол Булут.
Пред крајот на минатата година, турските медиуми пишуваа дека Барди би можело да се пресели во Унион Берлин, каде што тренер е поранешниот стратег на Трабзонспор, Ненад Бјелица, но на крајот не испадна ништо од тоа.