Барди е еден од десетте најдобри изведувачи на слободни удари во Европа

Англискиот „Дејли мејл“ направи ранг-листа од десетмина најдобри изведувачи на слободни удари во последните пет сезони и во топ 10 го смести македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Иако сезонава во шпанската лига Барди нема дадено гол од слободен удар, сепак се најде на делбата на шестото до деветтото место на ова рангирање.

За македонскиот плејмејкер, кој го носи дресот на Леванте, и има постигнато 6 гола од слободен удар во Ла Лига, пишува дека е незгоден за голманите, тешко им е да го прочитаат бидејќи нема омилена техника на шутирање или омилено место од кое е најопасен, туку знае да погоди на различни начини и од различни позиции.

На рангирањето прв е Лионел Меси со 20 гола од слободен удар. Втор е Џејмс Ворд Праус од Саутхемтпон со 13, а третото место го делат Александар Коларов од Интер, Набил Фекир од Бетис и Максимилијан Арнолд од Волфсбург.

Во друштво на Барди се Симоне Верди од Салернитана, Џејмс Медисон од Лестер и  Сергеј Милинковиќ Савиќ од Лацио, а десеттото место го држи Мемфис Депај од Барселона, но еднаков број голови како него имаат и други фудбалери, како Андреј Крамариќ и Јаго Аспас.

- Оглас -

Најнови вести