И Алиоски е мајстор за слободни удари, Адеми израмни против Израел (Видео)

Еран Захави е опасен стрелец, најдобар во нашата квалификациска група, а само си го подбри салдото со гол и против Македонија, но, за среќа, нашата репррезентација брзо израмни со погодокот на Аријан Адеми.

Захави го постигна осмиот гол во групата, а беше прецизен во 55-тата минута, но нашите репрезентативци не потклекнаа под притисок на негативниот резултат и брзо израмнија.

Езџан Алиоски центрираше од слободен удар и го погоди на вистинското место Арија Адеми, а капитенот на Динамо Загреб реагираше мајсторски и со удар со глава израмни на 1:1.

Македонија имаше чисти зицери во првото полувреме и пропушти дури четири шанси за предност, а потоа Захави нè кзани за утките. Сепак, играме добро во Бер Шева и имаше шанси и за победа против второпласираната селекција во нашата квалификациска група за пласман на ЕП 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести