Барди е маестро и даде нов гол, ама Леванте е „печен“ за во Сегунда (ВИДЕО)

Енис Барди го постигна својот трет гол сезонава во Ла Лига, во поразот на својот тим од Валенсија од 3:4.

Репрезентативецот влезе во 77-мата, а во 90-тата минута го постави конечниот резултат. Голот на Барди може да го видите ТУКА.

Одлично се снајде по една топка од Солдадо и најпрвин се мислеше дека е во офсајд, но, по ВАР, голот беше признат. Сепак, тоа не беше доволно да се избегне новиот пораз, со кој тимот е уште еден чекор подалеку од опстанокот.

Леванте водеше и со 2:0 со головите на Кампања во 21-вата и Марти во 24-тата минута, кои  донесоа голема радост и сите помислија дека вечерва ќе биде првата победа сезонава.

Но, гостите преку Гедеш во последните мигови пред полувремето намалија, а потоа во 50-тата минута израмнија со пеналот на Солер.

Комплетен пресврт донесоа токму овие двајца играчи со головите во 72-рата минута (Солер) и во 85-тата (Гедеш).

Леванте остана на бројката од осум бода и е на последното место, додека на местото коешто е надвор од опасната зона е Хетафе со 15 бодови.

- Оглас -

Најнови вести