Барди е пред трансфер во еден од најдобрите шпански клубови

Енис Барди летово и дефинитивно ќе го напушти Леванте, а според информациите од Шпанија, македонскиот репрезентативец ќе се пресели во редовите на Бетис.

Барди и овој тим се во завршни преговори, a останува непознато за која сума ќе замине во тимот од Севилја. Во голема мера за тоа ќе одлучува дали Леванте ќе опстане во Ла Лига или пак ќе игра во Сегунда, со што значително би се намалила неговата цена за да се олесни буџетот на тимот за плати.

Леванте вчеравечер го победи Атлетико Мадрид, а Барди имаше убава шанса да постигне гол. Со оваа победа, Леванте дојде до 14-тиот бод и остана на последното место во Ла Лига, а Гранада, којашто е на 17-тото место, има предност дури од десет бодови.

Од друга страна, Бетис важи за еден од најдобрите шпански клубови и во моментов е на третото место со 43 бода.

- Оглас -

Најнови вести