Енис Барди одигра одличен меч против Бетис и со асистенција при погодокот на Коке беше еден од творците на успехот, а Леванте забележа убедлива и многу значајна победа од 4-0.
Хозе Кампања рано му донесе предност на домаќинот, а потоа тој играч беше најзаслужен и за двојна предност. Со извонреден центаршут од корнер во 32-рата минута и буквално го принуди Лорен да си постигне авотогол.
Потоа сè беше полесно за Леванте. Третиот гол го даде Хозе Моралес од пенал, а во финишот Барди беше асистент за погодок на Коке, со кој беше потврдена победата од 4-0.
Леванте ја прекина серијата од 9 меча без победа и побегна од опасната зона, иако сè уште не е безбеден за опстанок. Имаат 37 бодови, три повеќе од Жирона, екипа која е на 18-тото место и е најзагрозена заедно со Уеска и Рајо Валјекано.