Барди: Гладни сме за настап на Европско првенство, ќе направиме сѐ за да ја победиме и Грузија

Енис Барди е една од главните алки во синџирот наречен македонска фудбалска репрезентација. Играчот од средниот ред е среќен по победата над Косово и уверен дека Македонија има сили да игра на Европското првенство.

За дуелот против Косово е најважно дека победивме, а од Грузија не се плашиме и одиме на победа.

„Мислам дека почнавме малку под притисок. Добро бевме поставени на теренот и на противникот не му дозволивме да создаде ниедна шанса. Примивме гол по наша грешка, но и грешките се составен дел од играта. И по примениот гол, ние продолживме да ја играме нашата игра. Имавме единствена цел, а тоа е победа. Фокусирани бевме да играме во финалето и успеавме. Можам да кажам дека Македонија е гладна за триумф, за пласман на ЕП. Ова денес е добар печат пред дуелот против Грузија. Сите даваме сѐ од себе. Наша цел е да одиме на ЕП и ќе направиме сѐ за да ја оствариме оваа цел“, рече веднаш по мечот со Косово, Енис Барди.

- Оглас -

Најнови вести