Барди го имаше потегот на мечот, победата е за Леганес

Енис Барди немаше среќа со гол да го прекине постот од шести октомври, кога за последен пат ја тресеше мрежата во шпанската Ла Лига, а со прекрасен удар ја погоди стативата во првото полувреме против Леганес.

Леванте загуби со 1-0 на гостувањето во Мадрид, а за утеха на Барди, тој го имаше потегот на мечот. Со „ролинг“ си направи простор и од 20-тина метри ја погоди стативата. Претходно, Оскар искористи голема грешка во одбраната на гостите и постигна победнички гол во 13-тата минута.

Со триумфот во последниот меч од 26-тото коло во Ла Лига, Леганес стигна до 11-тата позиција со 33 бодови, а Леванте е 15-ти со 30 бодови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести