Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди дефинитивно ќе остане во Турција и во вториот дел од сезоната. Барди пристигна во Бодрум, каде што денеска треба да ги помине лекарските прегледи, а потоа да го стави потписот за клубот во којшто ќе игра во следниот период.
Бодрумспор за Барди нема да плати ниту едно евро затоа што нашиот репрезентативец од Трабзонспор си замина како слободен играч. Во изминативе неколку недели се шпекулираше дека Барди може да замине во хрватските гиганти Динамо и Хајдук или да се врати во Шпанија, но на крајот реши да остане во Турција, но овојпат во дресот на Бодрумспор.
#SONDAKİKA Enis Bardhi, Bodrum FK’da. pic.twitter.com/FhedrfHMSB
— 61saat (@61saat) January 24, 2025