Плејмејкерот и капитен на македонската репрезентација, Енис Барди, истакна дека е горд на оваа генерација која се обидува за првпат во историјата да ја однесе Македонија на фудбалски Мундијал.
„Знаевме дека ќе ни биде еден од најтешките натпревари до сега. Тревата, агресивната игра на противникот, знаевме дека ќе биде многу тешко. На крај ги освоивме три бода што ни дава можност да продолжиме да сонуваме за Светско првенство. Горд сум на сите момци, горд сум што сум дел од оваа генерација, дај боже да продолжиме вака“, изјави Барди после десеттиот натпревар по ред на кој Македонија е непоразена.