Македонскиот репрезентативец Енис Барди и шпанскиот бек Марк Бартра се најдоа меѓу патниците во авионот со кој екипата на Трабзонспор отпатува за Копенхаген, каде што утре против данскиот клуб што го носи името на главниот град на Данска, ќе го игра првиот меч од финалниот бараж за влез во групите од Лигата на шампионите.
Барди и Бартра се нови играчи во Трабзон и утревечер на „Паркен“ ќе го имаат дебито. Бартра, кој е дете на Барселона, во минатите четири сезони играше за Бетис и го познава Барди, кој знае шпански, па ќе треба на Каталонецот да му олесни во прилагодувањето во новата средина.
Ако биде елиминиран од Копенхаген, Трабзонспор ќе игра во групната фаза во Лигата на Европа.