Барди и Елмас едногласни: Само со сплотеност може да направиме големи работи за оваа мала држава

Енис Барди со капитенската лента на раката прв ќе ја поведе македонската репрезентација на теренот против Италија. Искусниот играч за врска вели дека е голема чест да се биде капитен на репрезентација и дека сите што ќе бидат на теренот утре против Италија ќе мора да бидат максимално фокусирани во текот на целиот меч.

„Ова за мене е многу емотивен момент. Чест е да се биде капитен на репрезентација Секогаш сум велел дека овде има многу капитени што немаат трака на раката, имаме многу лидери на теренот. Чест и задоволство ми е по Горан Пандев и Стефан Ристовски да бидам јас капитен. Ова е нов предизвик, многу добро сме подготвени. Треба да бидеме 100 отсто подготвени во секој момент, затоа што вакви противници ги казнуваат сите грешки. Во денешниот фудбал само ако си дисциплиниран може да стигнешш до успех. Само ако сме заедно ако си помагаме еден со друг може да направиме големи работи за оваа мала држава“, вели Барди.

Елмас е фудбалерот кој од нашите, најдобро го познава новиот селекторот на Италија, Лучијано Спалети, со кого заедно ја освоија титулата во Серија А пред неколку месеци.

„Искрено го познавам многу добро Спалети. Очекувам да има промени висока игра со висок пресинг, сакаат голем посед на топка, не знам колку ќе постигне за овие 7 дена да го направи тоа 100 посто во националниот тим. По освоеното скудето голема чест што повторно ќе се видиме, овојпат како противници. Се е во ред додека почне мечот, а потоа секој на својата страна и во борба за својата држава. Ние треба да ги исполниме советите од тренерот. Италија е дојдена да победи, а ние треба да се обидеме тоа да не и го дозволиме“, вели Елмас.

 

 

- Оглас -

Најнови вести