Барди и Леванте беа немоќни – Жолтата подморница ги потона со празнична петарда (Видео)

Енис Барди одигра 78 минути за Леванте во тешкиот пораз од Вилјареал со 5:0 во меч од 19-тото коло во Ла Лига.

Жолтата подморница игра страшно добар фудбал и ја забележа и шестата победа по ред, а во тој циклус постигна фантастични 25 гола, или над 4 во просек.

Вечерва многу рано беше јасно дека Вилјареал пак ќе победи, а Дија и Торес со по еден гол до 13-тата минута веќе му донесоа предност од 2:0 на домашниот тим.

Џерард Морено постигна два гола во продолжението, а прецизен беше и Тригерос за убедливи 5:0 против немоќниот Леванте.

Голот на Тригерос можете да го погледнете ОВДЕ.

Барди беше стартер и играше до 78-мата минута, кога беше заменет при резултат од 4:0 за Вилјареал.

Леванте остана на последното место само со 8 бода по 19 кола, а Вилјареал е на осмото место со 28 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести