Барди и Леванте може да се среќни што загубија минимално

Леванте на Енис Барди загуби минимално на гостувањето кај фаворизираниот Реал Сосиедад со 1-0, иако триумфот на Баскијците можеше да биде мноту поубедлив.

Домаќините промашија бројни шанси со кои лесно можеа да дојдат до барем три или четири гола повеќе, меѓутоа разбранетиот гостински голман Карденас беше на нивото на задачата. Прво Ојарзабал промаши пенал во 22-та минута откако претходно Мерино ја отвори средбата во воведните 10 минути.

Голот можете да го видите на следниот ЛИНК.

Во серија оргомни промашувања влегоа Јанузај, па Силва, Исак, Зубименди, за и Порто да не искористи голема шанса иако беше осамен пред противничкиот гол. Барди сакаше да изненади со непријатен удар директно од корнер, меѓутоа и Ремиро бранеше на ниво на задачата.

Леванте со осмиот овосезонски пораз остана на 32 бода и 10-тото место на табелата, додека Сосиедад е петти со 45 бода.

- Оглас -

Најнови вести