Енис Барди и Леванте само во еден месец, три пати ќе играат против Барселона. Ова стана јасно откако денеска беа извлечени двојките за осминафиналето од Купот на Шпанија. Леванте најпрво ќе игра против Барселона в недела, во рамките од 16-тото коло во Примера дивисион, а по Нова година ќе следуваат уште два меча во рамките на Купот.
Ждрепката посака Леванте да биде домаќин на Барселона на деветти јануари, а седум дена подоцна на „Камп ноу“ ќе се знае патникот за четврт-финалето. Во Шпанија, со нетрпение го очекуваат неделниот дуел, кога на теренот ќе се појават двајцата најдобри изведувачи на слободни удари во Шпанија, Лионел Меси и нашиот Енис Барди.
Во останатите осминафинални меча од Купот на Шпанија ќе играат: