Барди и на вториот тест е позитивен на корона-вирусот

Енис Барди уште е позитивен на корона-вирусот, покажа и денешниот тест на опасниот вирус. Барди се наоѓа во карантин во хотелот „Хилтон“ и нема контакт со останатите фудбалери. Тој се чувствува добро, но, сепак, тестот покажува дека е позитивен. Првиот тест по кој се дозна дека Барди е позитивен на корона-вирусот беше направен точно пред една недела.

Сега започнува трка со времето за македонската репрезентација и тоа дали Барди ќе биде подготвен за настап на ЕП. Според планот, репрезентацијата ќе патува за Букурешт на 8 јуни (вторник) и дотогаш се очекува да биде направен уште еден тест на Барди.

Македонија првиот меч на континенталниот собир ќе го има на 13 јуни против Австрија.

- Оглас -

Најнови вести